Во Париз, полицијата уапси 12 учесници во протестите на “жолтите елеци”

291
0
SHARE

Најмалку 12 лица беа уапсени од полицијата во Париз, кога во градот се одржаа протестите на “жолтите елецеи”, според францускиот телевизиски канал BFM TV.

Раководството на париската полиција, за телевизијата објави дека апсењата биле извршени поради безбедносни причини, а особено за носење на забрането оружје.

Полицијата истакна дека протестите протекле мирно.

Според прелиминарните податоци, во нив учествувале околу 5 илјади луѓе.
За да се обезбеди сигурност, на улиците на Париз беа мобилизирани 5 илјади полицајци.

Протестите на “жолтите елеци” се одржаа и во други градови во Франција. Во градот Кане (Нормандија) имаше судири на демонстранти со полицијата, полициските службеници употребија солзавец.

Пријавени се и судири во градот Рен (Бретања).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here