Во Скопје се одржа Балканска вечер на поезијата

309
0
SHARE

Во Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје се одржа литературната манифестација „Значењето на мајчиниот јазик кај помалубројните етнички заедници” – Балканска вечер на поезијата, во организација на Младинска културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван“.

На манифестацијата присуствуваа бројни љубители на поезијата, во рамките на која поети од различни етнички заедници читаа поезија на различни јазици, меѓу кои на македонски, албански, турски, босански, срспски, хрватски, бугарски и влашки јазик.

Прогласувајќи ја манифестацијата за отворена, директор на Управата за афирмација и унапредување на културата на припадниците на заедниците,Менфи Илјаз го цитираше Нелсон Мандела кој вели: „Ако му зборуваш на човек на јазик што го разбира тоа му оди во главата, ако му зборуваш на неговиот јазик тоа му оди во срцето.”

Свое обраќање кон присутните имаше и Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

„Јазиците се нашето богаство. Преку познавањето и преку негувањето на мајчиниот јазик ние всушност се поврзуваме со светот, покажуваме кои сме од една страна, а од друга страна, нашиот мајчин јазик е врската со другите луѓе затоа што секој зборувајќи на својот мајчин јазик, колку поблизок или подалечен, сепак е разбирлив на овие балкански простори, ние можеме да видиме дека колку што сме различни толку сме и слични”, рече Јованова-Грујовска.

На крајот од програмата, Алмира Папиќ од Младинска културна асоцијација на Бошњаците „Шадрван“ на поетите кои учествуваа во поетската вечер им додели благодарници.

Извор АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here