Во Скопје три дена по ред се одложува прскањето против комарци

448
0
SHARE

И покрај најавата дека на 2ри Јуни ќе започне прскањето против комарци на територија на град Скопје, денес повторно осамна известување дека наводно утре во раните утрински часови конечно ќе се изврши прскањето. Причината за одложувањето и натаму е нејасна, а одговор не добивме од градските власти. Најчесто причина за одложување се временските услови, но ако се земе во предвид дека овие неколку денови имаме стабилно сончево и ведро време, можеме само да претпоставуваме кои се вистинскити причини за одложувањето.

Утре изутрина во Скопје ќе почне првото прскање против комарци, а  првата фаза ќе трае до сабота, соопшти Град Скопје. Прскање ќе се врши во периодот од 23 часот  до 4 часот наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.

Град Скопје годинава речиси месец и половина доцни со прскањето против комарци. Минатите години првото праскање се вршеше кон крајот на месец мај. Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов пред три недели рекоа дека се доцни со прскањето оти испитувале дали средството кое се користи е штетно и затоа тендерот не е завршен.

„Јавната набавка за прскањето против комарците е почната на 19 февруари, и во овој момент е во завршна фаза, се очекува да помине рокот за жалби и да се склучи договор со субјектите кои треба да го извршат во согласност со програмата, усвоена од Советот на Град Скопје. Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Во моментов во тек се административните постапки по што ќе се почне со аеросолното и терестичното прскање“, рекоа од кабинетот на Шилегов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here