Во Виница и Кочани протест на матичните лекари од приватна пракса

244
0
SHARE

Неисплаќањето на капитацијата од страна на Фондот за здравство на приватна здравствена ординација во Виница беше причина матичните лекари од приватна пракса од Виница и Кочани да организираат мирен протест. Парите не биле исплатени затоа што ординацијата, согласно законските прописи, немала комплетиран здравствен тим, односно подолго од 35 дена не вработила медицинска сестра.

Од протестот беше упатено барање до надлежните државни институции да се направат извесни законски измени, за да им се овозможи на матичните лекари да продолжат со работа.

-Многу тешко можеме да обезбедиме медицински лица, односно сестри, па и лекари, со оглед што во источниот регион од државата подолг период нив ги нема. Протестот е еден вид апел до надлежните институции да размислат како ќе го решат проблемот, при што очекуваме флексибилност на законот со кој нè обврзуваат да имаме медицински тим. Сметаме дека треба да се дозволи вработување и на немедицинско лице, кое ќе ги врши административните работи, пренесува Сител

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here