Вработен во Македонска пошта kpaдел пари од сметка на пензионерка

137
0
SHARE

СВР Тетово поднесе kpивична пријава против В.С.(32) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени kpивични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злoyпотреба на лични податоци“.

Пријавениот, вработен во Македонска пошта – подружница ЦРПС Тетово, Долно Палчиште, тетовско, ја злоупотребил службената положба и овластување така што во временскиот период од јануари 2020 до 28.04.2020 извршил неовластено присвојување на парични средства во негова корист од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примател на пензија.

Имено, пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злoyпотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и kpивичното дело „злoyпотреба на лични податоци“.

При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here