Вртоглав пад на откупната цена на пролетната зелка во Струмичко

534
0
SHARE

Вртоглав пад на цената на зелката за само еден ден.

Производителите на пролетна зелка од струмичкиот регион реагираат на падот на откупната цена на пролетната зелка, која за само два дена падна од 50 на 30 денари за килограм.

Во недела отупната цена беше 50 денари, па трговците ја намалија на 45, потоа на 40 за да може да се откупува и еве денес се откупува за 30 денари за килограм. Оваа цена е прифатлива за нас, но доколку не падне и се задржи во наредниот период, рече Коце Божиков, производител на пролетна зелка од село Дабиле.

Според трговците, откупната цена генерално ја диктира понудата и побарувачката. Тие демантираат дека минатата недела зелката се откупувала за 50 денари за килограм, туку цената изнесувала 45 денари.

Инаку,пролетната зелка се извезува во сите земји од поранешна Југославија,Русија, Бугарија и мал дел во земји од Европската Унија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here