Вучиќ до Приштина: Ве чекаат лоши изненадувања ако се пријавите за членство во меѓународни организации

147
0
SHARE

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им порача на косовските власти дека треба да ги почитуваат договорите што ги потпишуваат.

На најавата на политичарите од Приштина дека ќе поднесат барање за зачленување во меѓународните организации, Вучиќ кажа:
„Тие немаат појма, не ги читаат договорите кои ги потпишуваат. Не смеат да се пријават за членство во меѓународните организации. Ако се пријават, ќе ги чекаат бројни изненадувања“, истакна тој.

Вучиќ кажа дека со таа порака не им се обраќа на политичарите во Приштина, туку на нивните ментори, „оние кои им ја правеа таканаречената држава“.

„Ако не се држите до договорите, јас ве информирам – ќе се соочите со бројни изненадувања, позитивни за српскиот народ, но не и за вас“, кажа српскиот претседател не навлегувајќи во детали.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here