Вучиќ му се заблагодари на Путин за „посетата со душа”

318
0
SHARE

Претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот со српскиот лидер Александар Вучиќ најави дека заеднички ќе ги разгледаат како билатералните, така и регионалните прашања.

Путин во рамките на форумот „Еден појас, еден пат“ изјави дека му е мило што има можност на маргинате на овој настан да се сретне со Вучиќ и со него „да поразговара за билатералните односи и за ситуацијата во регионот“, пренесуваат медиумите.

Рускиот лидер исто така ја спомена својата јануарска посета на Белград, истакнувајќи дека таа придонела за интензивирање на билатералните врски.

Путин исто така рече дека трговската размена меѓу двете земји во 2018 година забележала раст од 2%.

„Ги развиваме односите во толку чувствителната сфера како што е военотехничката соработка, воената соработка”, изјави Путин.

Вучиќ, од друга страна, истакна дека во Србија посетата на Путин се смета за историска и дека ѝ се придава најголемо значење за развојот на односите меѓу двете земји.

„Тоа беше посета со душа, затоа што ги допре душите на сите граѓани на Србија“, рече Вучиќ.

Извор Russia Beyond

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here