ВУЧИЌ: Приштина чека поволен момент за напад на северно Косово

264
0
SHARE

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Приштина со обвинувањата кон потпретседателот на Српската листа Милан Радоичиќ сака да ја ослабне српската одбрана во северно Косово.

Вучиќ во дневникот на РТС, коментирајќи ја изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека го протерал Радоичиќ, рече дека во Приштина знаеле оти тој е една од клучните личности во оваа област и, како што рече, сега чекаат поволен момент за напад на северно Косово.

Тој рече дека е задоволен што Србија не наседнала на провокации на агенти.

Вучиќ наведе дека еден од водечките луѓе на една западна разузнавачка служба му рекол оти се обидел да создаде случај со отворени лаги дека Радоичиќ е убиец.

-И натаму немаме црвена потерница, никако да добиеме што било, рече Вучиќ.

Тој рече дека по тоа што се случувало во изминатите неколку дена во Приштина, Тирана, во светот, но и во Белград, покажало колку бил во право дека Србија е многу далеку од договор со Приштина.

Вучиќ смета дека излегувањето на Србите од косовските институции ќе биде крајната мерка, бидејќи во тој случај Приштина нема да биде единствената одговорна страна за целиот свет.

Извор Свест

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here