Вучиќ: Сите инволвирани ќе одговаат пред Српските истражни органи, за тоа не ни треба дозвола од Приштина

443
0
SHARE

Нови тензиии на релација Белград – Приштина. Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и негов соработник беа брутално уапсени во северниот дел на Косовска Митровица.

Апсењето го спровеле  косовските специјални полициски сили. Тие уападнале  во салата во Митровица каде се одржувала дебата на косовските срби на која присустувале ЃуриЌ како и генералниот секретар на  српскиот претседател Никола Селаковиќ.

Чинот предизвкал револт кај присутните  кои бурно почнале да протестираат.  Биле растерани со солзавец  и шок бомби а во неколку наврати  биле и пукано. Специјалните употребиле и физичка сила кон косовски срби, при што неколкумина се повреднеи.  Повредена е и новинарска екипа на РТС .По апсењето, српскиот политичар  е префрлен во Приштина и изведен пред судија за прекршоци, по што е избркан назад во Србија. .

Гуриќ беше уапсен затоа што немал дозвола за престој на косовска теритотија.  Тука нема ништо спорно   порача првиот човек на Ксоово Тачи  додека неговиот спрски колега Вучик  по одржаната итна седница на Националниот совет за безбедност истакна дека се работи за брутална провокација. Сите кои учестуваа во денешната акција ќе одговараат  пред српските држани органи предурпеди Вучиќ. Тој   за последните  случувања на Косово телефонски   разговарал со шефицата на Европската дипломатија Могерини а ќе разговара и со рускиот претседател. ЕУ ги осуди  настаните во Митровица и ги повика двете страни на воздражаност за да не ескалира ситуацијата на теренот.

Во своето обраќање, Вучиќ потенцираше дека сите кои учествуваа во физичкиот напад над Марко Ѓуриќ ќе одговараат пред Српските истражни органи, за тоа не ни треба дозвола од Приштина, тоа го налагада спогодбата.

Банда поддржана од Западните сили. Така ја нарече моменталната власт во Косово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here