Вучиќ свика итна седница на Националниот совет за безбедност на Србија по убиството на Ивановиќ, Србија ги напушта преговорите со Косово во Брисел

528
0
SHARE

Убиството на Оливер Ивановиќ е злосторнички и терористички чин, кој има цел да ја дестабилизира ситуацијата на Косово и Метохија, и тоа претставува напад врз целиот српски народ, изјави директоро на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.

Од истите причини делегацијата на Белград, преку Марко Ѓуриќ објави дека го напушта техничкиот дијалог со Приштина кој се води во Брисел под покровителство на Европската унија и се враќа во земјата. Денеска, инаку требаше да продлжат преговорите меѓу српската и албанската страна по повеќемесечен застој.

„Целта е да се предизвика хаос и српскиот народ на Косово и Метохија и целата Србија да бидат втурнати во хаос и пекол на судирот“, изјавил Ѓуриќ за новинарите во Брисел, каде што денеска трабше да ја предводи делегацијата на Белград во техничките преговори со Приштина.

Запрашан како убиството на Ивановиќ ќе влијае на продолжување на дијалогото и дали српската делегација ќе учествува во дијалогот кој требаше да продолжи по повеќемесечна блокада, Ѓуриќ одговорил „За што сега да разговараме? Веднаш се враќаме во Белград“.

Ѓуриќ истакнал дека одговорните за убиството на Ивановиќ мора да бидат казнети.

„Кој и да стои зад овој напад, а знаеме дека претходните денови на Србија ѝ се закануваа со војна и од Кадри Весељи, разни Албанци до разни други кои претходните седмици без никакви реакции на меѓународната заедница ги напаѓаа српските имоти… Кој и да стои зад ова, дали станува збор за албански, српски или други криминали, мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, рекол Ѓуриќ.

Нагласил дека ова претставува обид српскиот народ на Косово да се втурне во хаос, како и Србија да биде вовлечена во хаосот. „Ова е напад врз целиот српски народ и злосторнички, терористички чин кој мора да биде и ќе биде казне“, рекол Ѓуриќ.

Оливер Ивановиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, беше застрелан со пет куршуми во вторникот утрото во северниот дел од етнички поделената Косовска Митровица.Засега не е познато кој е извршителн на атентот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here