За да ви врати владата 500 евра, треба да потрошите 30.000 евра

360
0
SHARE

Од први јули стартува најавената мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 % од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Според најавите, со оваа мерка годишно кај граѓаните би се вратиле меѓу 60 и 100 милиони евра.

Мала математика, покажува дека на секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил цели 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.

Кога предизборно беше најавена мерката, се говореше дека во секое домаќинство, по основ на поврат на 15 % од ДДВ-то, годишно ќе се вратат до 500 евра.

Пресметките сепак говорат дека за да се „врати“ толкав износ, ќе треба за една година едно семејство да потроши 18.520 евра ако купува прозводи со 18% ДДВ.

Бидејќи кај нас просечните семејства најголемиот дел од приходите го трошат на храна која е со 5 % ДДВ се зголемува вкупната сума која треба да ја потроши до 30.000 евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here