За избор на претседател треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

208
0
SHARE

Право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, кои во првиот круг добија најголем број гласови.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка. Излезноста во првиот круг од претседателските избори од околу 42 отсто во првиот круг, само ги засилија уште повеќе стравувањата дека во вториот круг в недела може да не биде остварен цензус или излезност на граѓаните од 40 отсто. Се провлекуваат неколку мислења во јавноста дека доколку се случи тоа можно е или да се распишат нови избори, да се смени Уставот за намалување цензус, или за избор на претседател во Собранието. До изборот на нов претседател, функцијата ќе ја извршува претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според уставните експерти, во случај на немање цензус ќе мора да се распишат нови избори и тоа во рок од 40 дена. Тие сметат дека по завршување на претседателскиот мандат Ѓорге Иванов никако не може да ја продолжи функцијата.

-Тоа може да се случи само доколку има војна или вонредна состојба во државата, а тоа е сложена постапка за која е потребно двотретинско мнозинство. Затоа граѓаните треба да бидат одговорни за да се обезбеди изборниот цензус што не е толку недостижен, вели во изјава за МИА поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

За да не дојде до неисполнување на цензусот, во кампањата и кандидатите и партиските лидери ги повика граѓаните да излезат да гласаат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here