За мајките кои имаат синови

279
0
SHARE

Има многу животни правила кои родителите треба да ги пренест на своите деца – да бидат љубезни, да не фрлаат ѓубре да веруваат во себе, но некои од нив се исклучително само за момчиња. Еве што мајките треба да ги научат своите синови пред да пораснат…

Во ред е ако не си спортски тип. Не е спортот за сите мажи. Некои го сакаат, некои едноставно не се за тоа. Ако не сакаш да се занимаваш со спорт, пронајди нешто друго во што ќе уживаш и ќе бидеш среќен.

Научи да готвиш и да чистиш. Верувај, за ова еден ден ќе ми бидеш благодарен. Ќе знаеш да се грижиш за себе, а сите твои партнерки ќе ти бидат благодарни бидејќи си ги совладал сите техники на преживувањето. Ова те става на листата на посакувани мажи. Немој да бидеш насилник! Немој да бидеш маж кој користи физичка снага за да демонстрираш моќ или пак да понижиш некого. Биди секогаш маж кој ќе им помага на послабите.

Користи презерватив. Немој да правиш деца освен ако… не си врска со жена која тоа го сака и сто проценти си уверен дека можеш да ја превземеш одговорноста за тоа суштество. Или барем тоа навистина го сакаш.

Не, значи не. Никогаш не преиспитувај што значи не. Прифати го одговорот и продолжи понатаму.

Биди нежен. Малите момчиња сакаат да се мазат, бакнуваат и прегрнуваат. Немој никогаш да го изгубиш тоа. Кога ти е тешко да се изразиш, прегратката е посилна од секој збор. Пријателот ти е загрижен. Прегрни го. Девојката ти е тажна. Прегрни ја.

Животот не е каталог на “Викторија Сикрет”. Повеќето жени не носат спарени градници и гаќички. Правите гради паѓаат на страна кога жената ќе легне и не се сосема еднакви. Правите жени не се фотошопирани лепотици. Стриите се составен дел од животот. Исто како и целулитот, вишокот на килограми и влакненцата.

Побарај ме. Нема засекогаш да живееме под ист покрив и многу често ќе ми недостасуваш. Знам дека ќе бидеш возбуден заради новиот живот, независноста, слободата, но сакам да ти го слушнам гласот – барем еднаш во неделата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here