За најскромниот градоначалник заслужена кривична или политички маркетинг

591
0
SHARE

Денес директорот на финансовата полиција, Арафат Мухареми за својата едногодишна работа, излезе со сеназационалистичка прес конференција. Во неа тој појасни дека поранешниот градоналалник на Центар, Владимир Тодоровиќ заработил кривична пријава зошто го оштетил буџетот на општината со 433 илјади евра. На крајот од пресот директорот на финансова полиција, додаде дека средствата во висина од 433 илјади евра се уплатени на жиро сметката на општината, а советот на Центар донел одлука за прифаќање на овие средства. Со ова станува јасно дека општинскиот буџет не претрпел штета и зачудувачки е што всушност сакаше да покаже директорот на Финансова Полиција. Наместо да гони перење пари, прикривање на данок, финансова полиција се бави со наводно неодговорно однесување на поранешниот градоначалник на Центар. Што е најинтересно е дека денес Стопанската Комора, објави статистика дека боројот на фирми кои работат на црно се зголемува. Во исто време денес е објавен податокот дека 55% од македонската економија се обавува на црно и Македонија го завзема првото место во регионот, а вора земја е Црна Гора со 42%.

Ваква чудна прес конференција се претпоставува дека е смислена од ПР-от на СДСМ соочени со лошиот одиум кои ги следи по обидот за смената на името, лошата сосотојба во економијата, криминалот и корупцијата во актуелната влада.

Анкетите покажуваат дека на реферндумот народот нема да излезе. Потоа СДСМ го чека пад од власта, затоа во нивната ПР стратегија е вклучено хајка против политички неистомисленици, апсење и кривични прпијави за се и сешто само да се одвлече вниманието на јавноста на друга страна. Така се прави обид и со оваа прес конференција за да се претстави дека СДСМ почна да ги враќа парите од “Скопје 2014та”. Сега тие се заробеници на својата сопствена пропаганда со која го лажеа макеоднскиот народ дека многу пари се украдени од овој проект, а сега по 13 месечно владеење поднесуваат смешна кривична пријава за која одговорност имаат раководителот на секторот за фининнсии во општина Центар и службеничката која била задолжена за активирање на банкарските гаранции.

Со поднесување на кривична пријава на најскромниот градоначалник во Р.Македонија, СДСМ само се бламира. Да потсетиме Владимир Тодоровиќ како градоначалник на Центар во текот на својот 4 годишен мандат не користеше службено возило од општината, ниту возач. Нема потоошено ни литар бензин од општина центар, не користел репрезентација од општината и никогаш не земал дневница за службено патување. Згора на тоа В.Тодорович и неговата компанија Тинекс покажаа висока оптествена одговорност за време на неговиот мандат како градночалник, но и пред и потоа. Тодоровиќ и Тинекс донираа средства за сиромашни, болни, стипендираа ученици и студенти и финансираа спортски клубови меѓу кои ракометниот клуб Пролет и кошаркарските клубови Работнички и МЗТ.

Ова е уште една потврда за паниката во која се наоѓа СДСМ и тлото кое го губат под нозе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here