Забраната за свадби, крштевки и други прослави останува на сила

237
0
SHARE

Забраната за организирање какви било прослави во угостителски објекти останува на сила, одлучи Владата попладнево на седница.

„На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот“, соопшти Владата.

Угостителите и музичарите побараа надлежните да направат промена на протоколот со кој се забранува организирање музички настани во внатрешните и надворешните делови на објектите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here