Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ Македонија

211
0
SHARE

Патниците од Косово кои транзитираат низ земјава ќе треба да покажат негативен ПЦР тест за корона вирус при влез во Македонија. Ваков предлог на утринскиот состанок донела Комисијата за заразни болести.

Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест непостар од 72 часа, се вели во соопштението.

Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата која ќе треба да се изјасни по него.

До предлогот доаѓа откако се испостави дека повеќе косовски државјани кои од Скопје летале со авион до финскиот град Турку биле позитивни на корона вирус. Во три лета до сега имало вкупно 43 позитивни патници, а кои с едржавјани на Косово, Финска и други земји.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here