На новинарско прашање дали со предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се регулира статусот на СЈО Зоран Заев го спасил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од кривично гонење, премиерот рече:
„Апсолутно не. Јас го читав законот, сите процеси за кои постојат докази продолжуваат како процеси и нема дилема за тоа. Доказите се живи и здрави и тие постојат, не може никој да ги сокрие или уништи“, рече Заев додавајќи дека бомбите на СЈО ќе бидат само индиции.
Премиерот рече дека очекува Законот за јавното обвинителство да го поддржат сите политички партии, како што беше и во случајот со донесувањето на Законот за СЈО.
Бомбите се еден од клучните докази во истрагата за пропаднатиот попис кој СЈО го отвори во март 2018 година, а освен Али Ахмети, осомничен е и поранешниот премиер Никола Груевски.