Заев: Не ми паѓа на памет да поднесам оставка

218
0
SHARE

Премиерот Зоран Заев вчера во изјава за медиумите истакна дека ќе има промена во извршната власт, дека ќе бидат сменети повеќе од три министри, заменици министри и други функционери во Владата, но изјави дека своја оставка не планира да понуди пред органите на партијата.

Премиерот Зоран Заев истакна дека нема причина за тој да даде оставка

Не ми паѓа на памет да си дадам оставка, јас сум доблесен! Ако држевме лекција на успешност оваа влада и овој премиер, тоа го направија. Не гледам никаква причина Зоран Заев да понуди оставка. Го сплотивме општеството, и се гордееме со тоа и чекориме кон пристапувањето и кон Европската унија, ги решивме проблемите со Бугарија и Грција, а новите економски параметри кршат рекорди 625 милиони странски инвестиции, одговори вчера Зоран Заев, а во врска со тоа дали ќе понуди оставка во партијата, по разрешувањата во сите органи на СДСМ.

Тој истакна:

Секаде каде се покажала ароганција, ќе се случат промени, затоа што само така е во ред. Имаме слабости и кај градоначалници, и кај директори, оти ветивме живот за сите, тоа мора да го исполниме нагласи Заев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here