Заев: По изборите метла во јавната администрација за членовите на ВМРО-ДПМНЕ

471
0
SHARE

Премиерот Зоран Заев вечерва од митингот во Штип уште еднаш кажа дека е ред да зачисти на локално и централно ниво по две години.

“Има функционери кои спуштаат слушалка, кои немаат одговор на барањата на граѓаните. Овие луѓе немаа снага да му служат на народот, затоа по две години време е за чистка. Нив ќе ги поместиме, или како што би рекол Цацко, дај ново дете.” – порача премиерот Заев.

Тој додаде дека ќе зачисти и на другата страна, односно кај кадарот кој опструирал, а бил поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

“Ќе има големо чистење, ќе сјае, ќе заметеме. Ама ќе зачистиме и од другата страна. Има директори, вработени, кои се пикнале изминатите 11 години и сега опструираат, не работат, се кочница. Па дури и се закануваат, ќе се вратело ВМРО-ДПМНЕ, долга била раката на ВМРО.” – рече Заев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here