Заев: Поради уставните промени и непотизмот рејтингот ни падна

377
0
SHARE

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 откри дека според последните испитувања на јавното мислење, рејтингот на власта е паднат за шест отсто.

Ако водевме 11,9, сега водиме 5,9. А ВМРО-ДПМНЕ е фиксирано. Одредени слабости на власта наштетија. Ние сме паднати 6 посто, ако се тешиме Ципрас падна 11 посто.

За тоа придонесоа одлуките за уставните промени и Законот за јазици, но и одредени слабости, како непотизмот и тоа прави штета на владејачката гарнитура.

Јас сум искрен човек и тоа тешко се надоместува. Но, ако не ги повторуваме грешките мислам ќе успееме.

Пораката е примена и сега на нас е тоа да го поправиме, рече Заев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here