Заев со двојазичноста и промената на името прави атентат врз државата

258
0
SHARE

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отворено студио на телевизија Алфа истакна дека, Зоран Заев со спроведувањето на двојазичноста и промената на името на државата прави атентат врз Република Македонија.

Говорејќи за противправното објавување на Законот за јазиците во Службениот весник, тој посочи дека тоа е дел од сценарио одамна замислено, а спроведено етапно за да не се подгреваат страстите со цел најпрво да се заврши со промената на името на државата. Во атентатот на државата главниот играч е Зоран Заев кој, како што посочи Мицкоски, веќе две години кумува на овој процес.

-Вчера започна, а денес беше егзекутиран атентатот врз Република Македонија. Она кое што го осмисли претходно, за време на зимските и пролетните месеци минатата година, го операционализираше и конечно во една против процедурална и против законска и против уставна процедура на насилен начин го завршија во рамките на Собранието, Зоран Заев, Талат Џафери и останатите ликови кои што му кумуваа на овој процес во рамките на Собранието. По одреден период тие тактизираа го чекаа овој момент, бидејќи ајде си велеа да не создаваме сега алиби за овие уценети пратеници да завршат еден друг процес, да не ги вознемируваме страстите помеѓу нив па да не се појави некое чувство на колебање помеѓу нив. Па ајде откако заврши она што заврши во петокот, ајде сега на ваков брутален насилнички начин да го дозавршиме атентатот врз Република Македонија, вели Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here