ЗАХАРОВА СЕ ИЗВИНИ, БИЛА ПОГРЕШНО ПРОТОЛКУВАНА

215
0
SHARE

Откако беше осуден нејзиниот недипломатски пост на Фејсбук, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се извини, велејќи дека е погрешно протолкувано.

– Се извинувам, но мојот пост беше погрешно протолкуван! Единственото нешто што беше напишано во него беше несогласување со арогантниот став на „извонредните“. Протоколските трикови станаа еден од приодите коишто американските власти редовно ги користат за вештачки да создадат изглед на нивна сопствена извонредност. И, тоа е неприфатливо – потенцираше Захарова, која го објави споменатото извинување повторно со истата фотографија.

Извинувањето на Захарова беше објавено со истите фотографии како на првиот контроверзен пост – прво разговорот на Вучиќ со Доналд Трамп во Овалната соба, а втората беше позната сцена од филмот „Ниски страсти“ и Шерон Стоун на распит.

Если Вас позвали в БД, а стул поставили так, будто Вы на допросе, садитесь как на фото #2. Кем бы Вы ни были. Просто…

Posted by Maria Zakharova on Saturday, September 5, 2020

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here