ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС НА ДЕНЕШНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

65
0
SHARE

Собранието денеска ќе расправа за Предлог-законот за попис.

Планирано е пописот да се спроведе во првите три недели од април годинава, по речиси 19 години од последниот, кој беше реализиран во 2002 година. Пописот во 2011 година беше прекинат неколку дена по почнување.

Владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет.

-Пописот е статистичка операција и во многу наврати го кажуваме тоа. Нашиот опонент гледа на сето ова како на политичка операција и верувам дека и тие ќе го препознаат моментот дека е важно пописот да се случи во 2021 година со што дополнително ќе овозможиме економски раст пред се на државата, но и сите оние придобивки коишто ги овозможува пописот. Верувам дека ќе се најде политички консензус и пописот ќе се спроведе во 2021 година, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, вели дека власта спрема фалсификуван попис

Власта го турка законот со европско знаменце иако тој нема допирна точка со тоа, и се крие методологијата за тоа како ќе се спроведуваат и анализираат резултатите од пописот и токму затоа не им одговараат амандманите кои ги одбива без да ги разгледа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите од албанскиот блок пак веќе ги изнесоа ставовите дека на земјава и е неопходен попис, но со мали корекции во законското решение. Алијансата за Албанците и Алтернатива пак иако посочија дека ќе го поддржат, сепак инсистираат на формирање на посебна државна комисија која ќе го спроведе.

Последен пат попис на населението, на домаќинствата и на становите во земјава е направен во далечната 2002 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here