Заврши гаснењето на пожарот во Кисела Вода, како и спасувањето на станарите

253
0
SHARE

Густ чад и пламен ги вознемирија попладнево жителите на скопската населба Кисела Вода. На улицата „Народни херои“ зграда 23, пожарникарите водеа битка со огнот.

Иако пожарот избувнал од стан во првиот влез на зградата, густ чад и миризба се чувствуваат и во другите два влеза, вториот и третиот.

Како што неофицијално дознаваме, повредени се две лица – пожарникар и една станарка.

Неколкумина се пренесени во болница поради голема количина на вдишан чад по пожарот.

Од Противпожарната бригада соопштија дека во гаснењето на пожарот учествувале вкупно 11 возила, како и тоа дека пожарот е локализиран и ставен под контрола.

Од таму соопштија дека се спасени и евакуирани сите станари кои во моментот се нашле во зградата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here