Заврши стечајната постапка, Фени излегува од стечај

290
0
SHARE

Целосно се заштитени правата на сите доверители и на вработените, а продолжувањето со работа на Фени ќе има значајно влијание врз целата макеоднска економија, вели стечајниот управник на Фени, Мирослав Анастасиевски, откако заврши стечајот на кавадаречкиот комбинат.

Според Анастасиевски, со добивањето на Решението од Апелациониот Суд, Скопје за Фени во стечај, настапуваат правните последици од одобрениот план за реорганизација поднесен од страна на ГСОЛ.

„Во стечајна постапка со над 1.000 доверители и утврдени побарувања од над 68 милиони евра, во изминатите месеци органите на постапката во рамки на Законот за стечај носеа законски одлуки кои придонесоа за опстанок на комбинатот.

Решението само стави печат на законитоста на целата постапка, по заокружување на преостанатите процесно правни дејствија стечајната постапка ќе се заклучи како една од најуспешните стечајни постапки во Р.Македонија и ќе претставува пример за успешна примена на Законот за стечај, известува Анастасиевски.

Според него, избраниот модел на реорганизација наместо ликвидација, начинот на водење на стечајна постапка која како што вели, била транспарентна и во рамки на Законот за стечај, резултирала со целосна заштита на правата на сите доверители и на вработените.

Извор Фактор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here