Жбогар: Нема гаранции за датум за преговори со ЕУ

395
0
SHARE

Нема никаква гаранција за датум за почеток на преговорите во јуни, кажа денеска евроамбасадорот Жбогар.

Нов студен туш за очекувањата на власта и нивните најави особено интензивни во периодот на кампањата.

-ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, бидејќи тоа е одлука на земјите членки, рече денеска евроамбасадорот.

И покрај пораката на Жбогар, за вицепремиерот Османи очекувањата се реално остварливи. Но, прашањето е што тоа значи, кога владата уште не знае до каде е формирањето на тимовите за преговори со ЕУ. На 31 јули навршува точно една година откако на владина седница беше најавено дека уште во октомври 2018 ќе ја обздани преговарачката структура на луѓето кои ќе работат со бриселските тимови- но веќе седум месеци нема ниедно име.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here