Жена се удави во Треска, се лизнала во реката додека шетала

733
0
SHARE

Триесет и едногодишна жена се удави во Треска кај Сарај. Според информациите од полицијата, таа се лизнала и паднала во реката додека се шетала со сестра си.

Вчера во 16.55 часот, граѓанин пријавил дека во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Во меѓувреме прситигнале и други луѓе кои успеале да ја извадат жената на брегот и според пријавата на граѓанинот, таа сè уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, од страна на доктор констатирана е смрт.

Жртвата е идентификувана и утврдено е дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје. Според пријавеното, несреќниот настан се случил додека двете сестри се шетале покрај Треска, М.Ц се лизнала и паднала во водата.

Телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Извор: Макфакс

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here