Жугиќ: За членови на управни одбори се именувани лица сторители на кривични дела

481
0
SHARE

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и градоначалникот Петре Шилегов по директивите на СДСМ именуваа над 100 лица за членови во управни одбори во јавните претпријатија. Дел од нив се партиски активисти на СДСМ, а меѓу нив има луѓе обвинети за тешки кривични дела, изјави Јелена Жугиќ, советничка во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. Таа вели дека им фрла ракавица на медиумите тие да истражат кои се луѓето што се избрани.

„Шилегов и Јанчева се ставаат над законот. Тие не демантираат. Законите не важат за сите. Шилегов ветуваше транспарентни и одговорни институции. Ги немаме истите. На седницата нема дискусија за овој скандалозен чин. Немаме докази, но имаме сомнеж. Ви фрлам ракавица да истражите кои се тие луѓе, а не да поставувате потпрашања. Треба да бидете на страна на граѓаните”, рече Жугиќ.

Прашана на што ги темели нејзините кажувања за именување  лица без квалификации, таа вели дека се само сомненија.

„Ако го прашате чичко Гугл, на пример за лице Филјан Филјан ќе видите резултати за 20 луѓе. Ќе видите што работеле. И ако видите нешто што не е како што треба, ќе истражите”, вели Жугиќ.

Таа обвини дека Јанчева и Шилегов на седница на 1 март изгласале најмалку стотина членови на управни и надзорни одбори на градските претпријатија на максимално нетранспарентен и шверцерски начин, без притоа, и покрај инсистирањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да се прикажат биографиите на истите личности и да се увиди дали тие ги исполнуваат законските услови за нивно назначување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here