Зимскиот распуст продолжен за два дена

268
0
SHARE

Владата на Република Македонија попладнево донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови.

-Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период, соопшти прес-службата на Владата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here