Златна треска – јасен знак дека светот е во неволја

132
0
SHARE

Унца злато веќе чини над 1.900 долари, што е за 30% повеќе отколку за време на превирањата на финансиските берзи во март, кои не ги заобиколија ни благородните метали.

Но, оттогаш па наваму, насоката е праволиниска, што главно се должи на исклучителните потези за ликвидност на централните банки и очекувањата дека тоа на крај ќе доведе до поголема инфлација. Всушност, станува збор за „стагфлација“ – анемичен индустриски раст и општ раст на цените.

И последно, но сигурно не најневажно – приносите од обврзниците, кои би можело да бидат алтернатива на вложувањето во злато, во некои случаи беа дури и негативни, па инвеститорите повеќе се насочија кон купување благородни метали.

Во изминативе денови, на растот на берзата за скапоцени метали (значително расте и цената на среброто), исто така влијаеше и ослабениот долар и сѐ поголемиот број на заразени со COVID-19 (во петокот беа забележани рекордни 290.000 ширум светот во еден ден), што е кочница за економското закрепнување и ја зголемува веројатноста за нов бран затворања на работни места и компании.

Златната треска која владее е јасен знак дека светот е во неволја. ETF фондовите кои во своите портфолија имаат злато, добиваат на вредност веќе 18 недели. Ова е најдолга серија од 2006 година наваму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here