ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ БАРАЛ ДА СЕ ПРИСЛУШКУВААТ МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ: Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски сведочеа за предметите Тврдина и Таргет

537
0
SHARE

Додека Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски прибирале докази за нелегалното масовно прислушување во УБК, а потоа истите му ги предавале на Зоран Верушевски, добиле и еден предлог од Верушевски, односно им побарал да ги прислушуваат тогашниот премиер Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков, пренесува Фокус.

Ова Лазаревски го откри по прашањето на обвинителот Трајче Пеливанов дали добиле налог и тие некого да маркираат, односно прислушуваат.

-Еднаш Верушевски побара да ги маркираме броевите на Груевски и на Мијалков, но ние тоа го сфативме како шега. На крај памет не ни паѓаше да го направиме тоа. Не сакавме да сториме криминал, зошто против тоа се боревме. Исто така секое маркирање остава трага кај мобилните оператори, одговори Лазров, кој со часови дава исказ на судењето “Таргет и Тврдина” во Кривичниот суд.

Мијалков и Груевски не биле директен таргет во масовното прислушување, а нивните разговори кои јавноста имаше можност да ги чуе се оние кога разговарале со таргетирани лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here