Објаснувајќи го процесот на промена на името, премиерот на Република Македонија денес на првата прес-конференција по изгласувањето на уставните измени ја заврши со пораката: „Да живее Северна Македонија“.
Тој во обраќањето испрати порака дека Македонија мора да оди напред и реформите мора да продолжат, а во одговорите на новинарските прашања на забелешката дека неколкупати употребил Република Северна Македонија, рече дека граѓаните прво треба од негова уста да чујат колку сериозна одлука е донесена.
Спомнав (Република Северна Македонија), за да сфатат граѓаните прво од устата на премиерот, за важноста на одлуката што е донесена во нашиот парламент. Договорот стапува на сила откако ќе биде ратификуван и во грчкиот парламент. Примената е јасно опишана внатре, и за меѓународна употреба стапува веднаш. За домашна употреба, со отворање на поглавјата, не повеќе од пет години. Но, дефинитивно, тоа е решението што го прифативме и ги отвора перспективите на целиот наш народ.